Утрински Весник
Македонија

Скопјанец се возел во Тетовско за време на полицискиот час

Скопјанец се возел во Тетовско за време на полицискиот час

Тетово, 4 април 2020 (МИА) – Едно лице од Скопје го прекршило полицискиот час на тетовскиот регион во периодот од 21:00 часот вчера до 5:00 утринава, информира денеска Секторот за внатрешни работи Тетово.

-Станува збор за лице со место на живеење во Скопје на 25 години затекнато околу 22:30 часот како се движи со возило на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка кај Шипковичка кривина. Тој е приведен во СВР Тетово и против него ќе биде поднесена пријава според членот 206 од Кривичниот законик непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Вкупниот број на лица кои не го почитувале полицискиот час изнесува 85 луѓе. Во моментов на тетовско подрачје има 37 луѓе со потпишани изјави за самоизолација и 120 лица со решенија за изолација, издадени од Државниот санитарен инспекторат. ас/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одбиваше протести за 600 евра минимална плата – Ралповски именуван во УО на ПИОМ

Укината забраната за сообраќај на камиони на патниот правец Гостивар-Стража

Девет нови амбасадори – Муртезани нов амбасадор во НАТО, Мангова оди во Лондон, Салиеска Иљазоска во Хаг