Утрински Весник
Македонија

Скопјанец погоден од заскитан куршум

Скопјанец погоден од заскитан куршум

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во болницата „Св.Наум Охридски“ бил донесен 20-годишник повреден од заскитан куршум.

Како што информираат од МВР, со повреди се здобил 20-годишниот Х.С. од скопското село Петровец, кого заскитаниот куршум го погодил на местото викано Бавчи.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Николова до Лабудовиќ: Кој ќе понесе одговорност за затруените работници во РЕК Битола?

Четири лица приведени за семејно насилство

Камери на улиците во Велес: Се поставува опрема за проектот „Безбеден град“