Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Скопјанец осомничен за три разбојништва во спортски обложувалници

Скопјанец осомничен за три разбојништва во спортски обложувалници
300x250 opst2

Скопското основно јавно обвинителство ќе започне истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторило три кривични дела – разбојништво.

Во два наврати, на 24 февруари и на 8 мај, осомничениот извршил разбојништва во иста спортска обложувалница на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Се преправал дека пополнува ливче, по што станувал од масата и со нож им се заканувал на вработените за да ги принуди да му ги дадат парите.

Првиот пат одзел 21.918 денари, а вториот пат – 20.400 денари од работните фиоки зад наплатниот пулт.

На 18 мај, осомничениот 26-годишник влегол во спортска обложувалница на улицата „Никола Тримпаре“ во Скопје и на вработениот му се заканил со зборовите: „Надвор сме тројца, да не ја правиме голема, дај ги парите“.

Оштетениот, исплашен дека би можеле да го нападнат, ги извадил парите од фиоките и му ги дал. На овој начин осомничениот противправно происвоил 70.000 денари и избегал од местото.

Јавниот обвинител доставил предлог за определување притвор за 26-годишникот, бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците/оштетените или да го повтори делото.​

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пред една година славеше со Заев за францускиот предлог сега предлага „црвени линии“ за власт и спас на фотелјата во СДС 

Претрес во Кичево, пронајдени оружје и муниција, уапсено едно лице

Филипче: Слоганот на ВМРО-ДПМНЕ е ветување за уништување на државата преку партизација