Утрински Весник
Политички Партии

Скопјанец осомничен за трговија со дрога во Гостивар

Скопјанец осомничен за трговија со дрога во Гостивар

Скопје, 3 март 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против лице од Скопје, на возраст од 26 години, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело  – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, информираат од Јавното обвинителство.

Осомничениот, во текот на месец февруари, како што се вели во соопштението на гостиварското обвинителство, набавил неодредено количество психотропни супстанции – екстази и непозната бела кристална материја, кои имал намера да ги продаде на други лица на подрачјето на Охрид и Скопје.

-На 1 март, при претрес на осомничениот и на автомобилот во кој тој патувал со две сопатнички, на магистралниот пат Кичево Гостивар, биле пронајдени седум таблети екстази и околу 800 грама непозната бела кристална материја. Притоа, осомничениот се обидел да голтне дел од таблетите. Надлежниот јавен обвинител издаде наредба за вештачење на пронајдените супстанции”, информираат од гостиварското обвинителство.

Во исто време, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар доставил предлог за определување краткотраен притвор за осомничениот. Судот го прифатил предлогот и на осомничениот му определил притвор од 48 часа.

По комплетирање на предметот со резултатите од наредените вештачења, Основното јавно обвинителство Гостивар ќе достави до Судот нов предлог за определување мерки за обезбедување на осомниченото лице. оџ/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт