Утрински Весник
Македонија

Скопјанец осомничен за обид за разбојништво во аптека

Скопјанец осомничен за обид за разбојништво во аптека
Dik 300x250 mk

Скопското јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен скопјанец, осомничен дека извршил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик.

На 22 февруари, на улицата „Борис Трајковски“ во Скопје, осомничениот влегол во аптека и од вработената побарал да му ги даде парите. Таа му кажала дека нема пари и му рекла да ја напушти аптеката. Во тој момент, осомничениот и се доближил и започнал да ја турка со намера да дојде до касата. Вработената зела пластична столица и започнала да го оттурнува, па повикала помош. Бидејќи не можел да стигне до касата, осомничениот ја напуштил аптеката, но на излезот го пресретнале припадници на агенција за обезбедување и го лишиле од слобода.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство или да го повтори делото.​

Можете да прочитате

57-годишна скопјанка тешко повредена откако паднала во автобус

Трипуновски: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата, случајот со директорот на АПЗРР да се истражи докрај

Полиција привела ваташанка, туркала предмети на Бензинска со 1,95 промили алкохол во крвта