Утрински Весник
Македонија

Скопјанец обвинет за трговија со марихуана

Скопјанец обвинет за трговија со марихуана

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 23-годишен скопјанец за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. За лицето е доставен предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор.

Од ЈО Скопје информираат дека, по спроведена истражна постапка, денеска поднеле обвинителен акт против лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетиот 23-годишен скопјанец, во домот во кој престојувал, држел наркотична дрога марихуана во вкупна нето количина од 486,04 грама, спакувана во повеќе полиетиленски пакувања со различна грамажа, како и едно полиетиленско пакување со 4,04 грама психотропна супстанција – амфетамин. Дрогата, наменета за натамошна продажба на црниот пазар во Скопје, била пронајдена при претрес на 24 април, при што биле одземени и две дигитални ваги, информираат од ЈО.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, бидејќи и натаму постои опасност од бегство и можност тој да го повтори кривичното дело. ир/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Таравари: Има информации за мала концентрација формалдехид во салите, но, официјално сѐ уште немаме ништо добиено

Затвореник од Идризово излегол на викенд и се обидел да ограби спортска обложувачница во Центар

Митева: Лотарија на две фирми, едната од Струмица, другата од Скопје незаконски им доделила лиценци за игри на среќа