Утрински Весник
Македонија

Скопјанец обвинет за тешка кражба на златен накит

Извршен увид на местото на сообраќајката на скопската обиколница

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈОРМ, обвинетиот, на 9 декември, 2019 година, провалил во куќа на улица „Финска“ во Скопје, насилно отворајќи ја заклучената врата од балконот со нож и по кратко пребарување, одзел златен накит во вкупна вредност од 63.960 денари.

-Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи да ја продолжи претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постојат околности кои што очигледно укажуваат на опасност од бегство, се наведува во соопштението. вг/​

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Жерновски до Митева: Владата никако да каже дали парите за авион ќе ги пренасочи за минималната плата

Да го вратиме Томба дома – Апел за помош за македонски граѓанин во Малта

Пендаровски со школа за млади професионалци од регионот