Утрински Весник
Македонија

Скопјанец обвинет за лабораторија за марихуана во Булачани

Скопјанец обвинет за лабораторија за марихуана во Булачани

Скопје, 27 април 2020 (МИА) – Скопското обвинителство до Кривичниот суд во Скопје, поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, информираат од ОЈО Скопје. Во описот обвинителството се вели дека на 2 март, на автобуска станица во населбата Хиподром, обвинетиот 26-годишник во рацете носел две најлонски ќеси со наркотична дрога – марихуана и една дигитална вага, која веднаш му била одеземена од полициски службеници.

– Подоцна во неговиот автомобил, паркиран во неговиот двор, биле пронајдени три најлонски ќеси и една сина кутија со марихуана, како и еден шприц со хашиш масло. При претрес на домот на обвинетиот во селото Булачани, пак, било утврдено дека тој неовластено произведувал марихуана, за што набавил опрема и инсталирал лабораторија за одгледување. Притоа биле пронајдени и 69 саксии со засадено растение – канабис, како и метална кутија со шест полиетиленски паковки марихуана, соопштија од обвинителство.

Со оглед на тоа што и натаму постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и посебен предлог со кој побара да се продолжи претходно определениот притвор за обвинетото лице. оџ​/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заминаа со позајмени пари : Ученици од Прилеп и Штип освоија сребрен и бронзен медал на олимпијада по хемија

УХМР: До крајот на денов сончево и топло, за викенд нестабилно со пороен дожд и грмежи

Ни куќа ни стан, овој министер пријавил само еден џип и скапи часовници