Утрински Весник
Македонија

Скопјанец и кумановка вчера биле нападнати од нивните соседи

Скопјанец и кумановка вчера биле нападнати од нивните соседи

Седумдесетгодишен скопјанец и 58-годишна кумановска вчера пријавиле во полицијата дека биле нападнати од страна на нивните соседи.

Според информациите од полицискиот билтен, Т.Н.(70) од Скопје пријавил дека вчера во 09.00 часот во влез на зграда на подрачје на Аеродром бил физички нападнат од неговиот сосед М.С.

58-годишната кумановка пријавила дека во 07,30 часот додека била во куќата во населба Добршане, кумановско дошол нејзиниот сосед Ѓ.Н. кој агресивно се однесувал, упатувал закани и замавнувал со остар предмет кон неа.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.

Можете да прочитате

Изгалсан Законот за прекршоци – „Безбеден град“ почнува на 1 февруари

(Видео) Голем пожар кај Тутунски комбинат

Пресверт: ДУИ нема да гласа за „Безбеден град“