Утрински Весник
Македонија

Скопјанец загина во сообраќајка во Капиштец, со мотор удрил во ограда

Дваесет и осумгодишен скопјанец синоќа почина откако со мотор удрил во ограда на ул.„Елисие Поповски – Марко“.

Според информациите, во несреќата тешко е повредена и сопатничката Г.С. (27) од Скопје.

По несреќата Љ.А. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и набргу починал.

Известен бил Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Пет милиони евра за слобода, Марковски излезе од притвор

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари