Утрински Весник
Македонија

Скопјанец баран со потерница поради тешки кражби, уапсен во Штип

Скопјанец баран со потерница поради тешки кражби, уапсен во Штип

Полицијата во утринските часови на 8 декември во Штип лишила од слобода 44-годишен скопјанец со иницијали Н.К.

Тој се барал со потерница поради сомнение дека е сторител на две тешки кражби на подрачјето на скопската општина Гази Баба.

При контрола во автомобил БМВ, со скопски регистарски ознаки, кој го управувал 44-годишникот, биле пронајдени и одземени 4.960 евра, златен накит, два мобилни телефона, а исто така, било одземено и возилото.

За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по негови насоки и по целосно документирање на случајот против разбојникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Замрзната имиграцијата кон САД од Македонија и уште 74 земји

СДСМ: САД ја суспендираше обработката на визи, ВМРО ја доведе Македонија во периметар со Сомалија

ЛДП: Лидерската како машки клуб на моќта: Зајкова како единствена жена-лидерка без покана за присуство