Скопје, 18 април 2020 (МИА) – ЈП Водовод и канализација – Скопје, следејќи го технолошкиот развој овозможува пристап до своите услуги на брз, лесен и едноставен начин, со воведување на мобилна апликација. Скопски водовод е првото јавно претпријатијатие во регионот кое ја овозможува оваа услуга за своите корисници. Мобилната апликација е достапна за Android и IOS.
Како што соопшти Јавното преторијатие, со инсталирање на апликацијата граѓаните имаат можност да се регистрираат како електронски корисник и преку мобилната апликација да пристапат до нивниот кориснички профил, да направат преглед на регистрираните кориснички броеви и доколку имаат потреба да додадат нов или да ги ажурираат своите податоци.
-Со користење на мобилната апликација имате едноставна можност за плаќање на вашите фактури како и за пријава односно ажурирање на состојбата на вашиот водомер, само со внесување на бројот на водомерот и слика од истиот. Со мобилната апликација на ЈП Водовод и канализација – Скопје имате можност брзо, лесно и едноставно да пријавите дефект, но и да се информирате за тековните работи на терен, дефектите, новостите и известувањата дадени од претпријатието. Доколку сакате да нè посетите, искористете ја мапата во прилог на мобилната апликација и направете го тоа без проблем, се посочува во соопштението.
Од скопски Водовод повикуваат граѓаните да ја превземат нивната мобилна апликација, да останат дома и да ги почитуваат препораките од надлежните институции за спречување на ширењето на коронавирусот.
ЈП Водовод и канализација ги повикува граѓаните доколку имаат потреба да ги контактираат на на: 02/3073010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk, https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/, www.vodovod-skopje.com.mk и пристапете до сите електронски сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk или мобилната апликација. ев/