Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Скопските јавни институции треба да постават пристапни рампи за лица со попреченост во рок од 60 дена

Скопските јавни институции треба да постават пристапни рампи за лица со попреченост во рок од 60 дена
Img 7972

Скопската градоначалничка, Данела Арсовска, издаде писмен налог до сите јавни институции под надлежност на градот да направат проценка и да постават пристапни рампи за лица со попреченост.

„Рокот за имплементација на оваа активност е 60 дена, а поставувањето на пристапните рампи е дел од програмата на Град Скопје за овозможување поголема пристапност за лицата со попреченост до институциите во градот“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека Град Скопје започнува сеопфатна програма за остварување на еден од главните приоритети за остварувања на правата на лицата со попреченост, односно подобрување на квалитетот на секојдневното живеење и создавање услови за независен живот.

Можете да прочитате

Студено со дожд, снег на планините и на повисоките места

Струмичките пожарникари синоќа изгаснаа голем пожар во магацини на комуналното претпријатие

Одрон на патот Живалево – Туралево, сообраќајот по една лента