Утрински Весник
Македонија

Скопска Апелација продолжи со одржување на јавните седници и расправи

Скопска Апелација продолжи со одржување на јавните седници и расправи

Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) – Апелацискиот суд Скопје од вчера продолжува со одржување на закажаните јавни седници и расправи, согласно Одлуката за постапување на судовите во Републикава во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД – 19, донесена од Судскиот Совет на Република Северна Македонија и објавена на веб страната на судот.

-Странките и другите учесници во постапката се должни да ги преземат сите мерки на претпазливост и заштита, согласно мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија и надлежните здравствени органи, во спротивно на истите нема да им се дозволи влез во судската зграда, велат од Апелацискиот суд Скопје. дма/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нема толеранција за тие што го сакатат високото образование, порача Мицкоски

Со „голф“ удрил во бетонски столб, повредени две лица

Три жени во Скопје нападнати од своите сопрузи во последните 24 часа