Утрински Весник
Спорт

Сколс: Барса на Гвардиола е најдобриот тим против кој сум играл, потоа следува Реал од 2003 година

Сколс: Јунајтед нема да се бори за титулата уште најмалку 2 години
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лондон, 2 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Сколс кажа кои се најдобрите тимови против кои играл во текот на неговата кариера.

– Можевме да ја освоиме Лигата на шампионите уште четири, пет или шест пати. Барса на Гвардиола беше најдобриот тим против кој играв. Ти во средниот ред тогаш ги имаа Андрес Иниеста, Чави, Серги Бускетс и Лионел Меси. Анри од лево. Во дефанзивата беа Пике и Пујол. Неверојатен тим.

Ако одиме понатаму го ставам Реал во сезоната 2002/2003. Не победија со 3:1 во првиот натпревар. Ги имаа Роналдо, Зинедин Зидан, Луис Фиго. Тука беа и Раул, Роберто Карлос, Јеро, Касиљас. Неверојатно спектакуларен тим, се сеќава Сколс.

Тој беше дел од Манчестер јунајтед од 1993 до 2013 година, со прекин во сезоната 2011/12. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

РФМ полноправна членка на медитеранското ракометно семејство

Халанд го престигна Роналдо по број на голови во Премиер лигата

Ал-Наср доби забрана да регистрира играчи