Утрински Весник
Спорт

„Скај“ ја повлекоа рекламата во која Ферстапен излетува по протестот на Ред бул

„Скај“ ја повлекоа рекламата во која Ферстапен излетува по протестот на Ред бул

Британската ТВ-мрежа „Скај спортс“ потврди дека ќе ја отстрани од својата програма божиќната реклама во која користеа снимка од излетувањето на Макс Ферстапен на Британското ГП во Силверстоун, по протести од голем број на гледачи, но и од тимот на Ред бул рејсинг.

Во обид да им ги честитаат престојните божиќни празници, „Скај спортс“ искористија снимка од Ферстапен во Силверстоун, во моментите откако беше удрен од Луис Хамилтон при голема брзина и заврши во болница. Хамилтон на крајот доби казна од 10 секунди за тој инцидент, по кој може да се каже дека започна „лошата крв“ меѓу двајцата возачи, која ќе кулминира во недела на последната трка од сезоната во Абу Даби.

„Екстремно сме разочарани што се користи снимка од судир, во кој на крајот возачот заврши во болница“, изјави кратко портпаролот на Ред бул за британски „Телеграф“.

> „Скај“ ја повлекоа рекламата во која Ферстапен излетува по протестот на Ред бул <

Можете да прочитате

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија

Поднесена е жалба до Европската комисија против ФИФА поради цените на билетите за Светското првенство