Утрински Весник
Спорт

„Скај спорт Италија“: Хамилтон одби да се пресели во Ферари

Хамилтон ја освои Големата награда на Франција

Рим, 12 мај 2020 (МИА) – Шесткратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон одлучи да ја одбие понудата на Ферари и да остане во Мерцедес. Тој сака да го сруши рекордот на Мајкл Шумахер по бројот на шампионски титули, пренесува „Скај спорт Итаилја“.

Претходно, пилотот на Ферари, Себастијан Фетел не можеше да се договори со тимот за нов договор. На крајот на сезоната тој ќе го напушти италијанскиот клуб.

Ферари разгледува тројца возачи кои можат да го пополнат место, откако ќе се замине Фетел. Тоа се: Карлос Саинц од Мекларен, Даниел Рикиардо од Рено и Антонио Џовинаци од Алфа Ромео. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот