Утрински Весник
Спорт

Скандал во САД – НБА ѕвезда брутално претепа млад човек на сред улица

Скандал во САД – НБА ѕвезда брутално претепа млад човек на сред улица

Лос Анџелес, 1 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот кошаркар на Кливленд кавалирс, Џеј-Ар Смит претепа едно лице учесник во немирите во Лос Анџелес. Настраданиот е човек со бела кожа кој ги искршил прозорците на автомобилот на кошаркарот, по што играчот го фатил и го претепал, објави „Clutch Points“.

Смит подоцна снимил видео во кое објаснил дека нападнал човек кој извршил акт на вандализам.

Кошаркарот и неговиот поранешен партнерод Кавалирс, Џордан Кларксон, учествуваа на протестите во саботата во Лос Анџелес.

Во неколку градови во САД се одржуваат масовни протести поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина