Утрински Весник
Магазин

Сија изрази поддршка за Џони Деп, ја обвини неговата поранешна сопруга дека лаже

Сија изрази поддршка за Џони Деп, ја обвини неговата поранешна сопруга дека лаже
Dik 300x250 mk

Додека Џони Деп го чека почетокот на судењето за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд, актерот доби поддршка од пејачката Сија.

44-годишната пејачка се огласи на Твитер во четвртокот, покажувајќи ја својата поддршка за 57-годишната sвезда на „Пиратите од Карибите“.

„Сакам да ја покажавам мојата јавна поддршка за Џони Деп,“ напиша Сија во својот твит, кој доби над 1.700 лајкови.

„Би сакала да биде чист, тој е очигледно жртвата откако ги слушнав снимките“, додаде таа. Пејачката најверојатно алудира на аудиоснимките кои беа пуштени во суд во февруари,а биле снимени во 2015 година, кога Херд призна дека го удрила Деп.

Таа остро ја искритикува неговата поранешна сопруга и нејзиното поранешно момче Илон Маск во друг твит.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мики Секуловски за инцидентот на Цеца: Можеби требаше порано да изреагирам, но не бев свесен дека се работи за знаме, кога видов веднаш го тргнав (ВИДЕО)

Ивана Југ со емотивен статус по смртта на уште еден од осудените за 27 април

Проблематични комбинации: Еве што не смеете да пиете со кафе