Утрински Весник
Спорт

Сити руши британски рекорд – Грилиш се сели во Манчестер за 100 милиони фунти

Сити руши британски рекорд – Грилиш се сели во Манчестер за 100 милиони фунти

Шампионот во Премиерлигата, Манчестер Сити е подготвен да плати околу 100 милиони фунти за играчот од среден ред на Астон Вила, репрезентативецот Џек Грилиш. Тоа би бил британски рекорд ако се знае дека Јунајтед во 2016 година за доведувањето на Пол Погба плати нешто помалку од 90 милиони евра.

Грилиш во моментов со „Гордиот албион“ го очекува осминафиналниот дуел против Германија.

25-годишниот фудбалер за Вила има одиграно 213 натпревари, а притоа постигнал 32 гола.

За Англија настапил на 9 меча.

„ЕСПН“ пишува дека Сити и покрај интересот за Грилиш, не се откажува од доведување на Хари Кејн. Неговиот трансфер би чинел околу 150 милиони фунти.

Од играчите кои се споменуваат дека се на излезна врата од „Итихад“ се Бернардо Силва и Рахим Стерлинг.

> Сити руши британски рекорд – Грилиш се сели во Манчестер за 100 милиони фунти <

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ