Утрински Весник
Спорт

Сити пукна петарда со Њукасл, „волците ги скршија забите“ кај Шефилд (видео)

Сити пукна петарда со Њукасл, „волците ги скршија забите“ кај Шефилд (видео)

Манчестер Сити со високи 5-0 го порази Њукасл на својот „Итихад“ во рамки на 34 коло од Премиерлигата.

Пулените на Пеп Гвардиола со 2 гола во првото полувре и три во вториот дел му покажаа на гостинот дека нема што да бара на теренот на минатосезонскиот шампион.

Серијата погодоци ја отвори Хесус во 10 минута, а Марез во 21 минута донесе водство од 2-0.

Во вториот дел Фернандес постигна автогол за 3-0 за домаќините, додека на 4-0 зголеми Силва во 65 минута.

Конечните високи 5-0 беа дело на Стерлинг во 91 минута.

Сити останува цврсто на втората позиција, а Њукасл е во средината на табелата.

На останатите два дуела во истиот термин, Шефилд Јунајтед со гол постигнат во 94 минута славеше со 1-0 против екипата на Вулверхемптон. „Волците“ иако се борат за излез во Европа, во вториот дел не упатија ниту еден директен шут кон голот на Шефилд. Домаќините од единствениот во финишот успеаја да погодат за нови 3 бода. Стрелец е Еган.

Сега разликата меѓу овие два тима на табелата е само еден бод.

Вест Хем кој се бори за опстанок загуби на свој терен со 0-1 од екипата Барнли. Стрелец на погодокот вреден 3 бода за гостите беше Родригез уште во 38 минута.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Кари испиша историја во НБА, Оклахома го подобри рекордот на франшизата

Јокиќ најдобар играч во Европа за 2024 година

Страшна повреда на Ајви, противнички играч плачеше на теренот