Стариот англиски шампион Манчестер сити стигна до импресивна 4:0 победа над новокрунисаниот шампион Ливерпул во интересен меч на „Етихад“, кој започна со шпалир за заслужените прваци.
Иако гостите имаа подобар старт на мечот и изгледаа поактивни на теренот во текот на целото прво полувреме, грешките во одбраната ги чинеа скапо. Кевин де Брујне ги донесе Сити во водство од пенал во 25. минута откако Џо Гомез го собори Рахим Стерлинг во шестнаесетникот.
Десет минути подоцна, Стерлинг се запиша во листата на стрелците по асистенцијата на Фил Фоден, кој го комплетираше одличното прво полувреме со гол во 45. минута по одличната асистенција на Де Брујне.
Сити имаа две одлични шанси на стартот на второто полувреме, пред Ливерпул да побараат пенал во 57. минута, кога Кајл Вокер го „собра“ Садио Мане. Наместо враќање, во 66-тата минута, Сити зголеми на 4:0, откако Стерлинг се најде во одлична шанса и неговиот шут, кој изгледаше непрецизно, беше „закачен“ од Окслејд-Чембрлен кој ја смести топката во сопствената мрежа.
> Сити почнаа со шпалир, па го „демонтираа“ Ливерпул (.) <