Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Сити од сомнителен пенал го победија Вулверхемптон

Сити од сомнителен пенал го победија Вулверхемптон
Img 7972

Манчестер сити минимално го победија Вулвархемптон, во 16.коло. „Граѓаните“ победија со контроверзен гол од пенал. Сити со оваа победа ја зголемија предноста на врвот, имаат натпревар повеќе и плус од четири бода во однос на Ливерпул.

Дуелот на „Етихад“, мина во знакот на судијата Џонатан Мос. Најпрвин за само 38 секунди, на истекот на првиот дел му покажа два жолти картони на Раул Хименез, а потоа во 66.минута процени дека Мутињо играл со рака и досуди пенал за Сити.

Пеналот го реализираше Стерлинг. За крилниот напаѓач ова беше јубилеен 100. гол во Премиер лигата.

Сити потоа промашија неколку шанси за зголемување на предноста, а во финишот Едерсон го одбрани ударот на Килман и им ја сочува победата на „граѓаните“.



> Сити од сомнителен пенал го победија Вулверхемптон <

Можете да прочитате

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона