Утрински Весник
Спорт

Сите мечеви во Серија А викендот пред празни трибини

Јувентус загуби два бода против Сасуоло
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рим, 4 март 2020 (МИА) – Италијанците постигнаа договор да нема прекин на Серија А поради ширењето на коронавирусот, но мечевите во претстојниот викенд да се играат зад затворени врати за публика.

„Првенството продолжува, но без присуство на гледачи. Ќе се обидеме да не ги запреме спортските активности, меѓутоа мора да мислиме на здравјето и заштитата на навивачите и на спортистите“, изјави италијанскиот министер за спорт, Винченцо Стадафора.

Претходните денови имаше откажувања бна бројни спортски настани во Италија за што и се свика денешниот итен состанок на клубовите со Стадафора, бидејќи е загрозена и регуларноста на првенството. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските ракометари ги продолжуваат подготовките

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини