Утрински Весник
Македонија

Сите информации за вакцинација од денес достапни на kovid19vakcinacija.mk

Сите информации за вакцинација од денес достапни на kovid19vakcinacija.mk

Пуштена е во употреба он-лајн платформата kovid19vakcinacija.mk на која граѓаните може да се информираат за вакцините, процесот и фазите на вакцинација.

Сите одговори на најчесто поставувани прашања во однос на вакцинацијата се сиблимирани и достапни тука. Преку оваа страница може да се пристапи кон апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација против Ковид-19 ” vakcinacija.mk “.

„ Имунизацијата е безбеден и ефикасен процес и е единствен начин за превенција од ширење на заразни болести и спасување животи. Денеска се достапни вакцини за над 20 болести кои спасуваат милиони животи ширум светот. Сите вакцини против Ковид-19 се развиени на безбедни платформи и се моќно глобално оружје кое треба да стави крај на пандемијата“ соопшти Министерството за здравство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Молк од ВМРО-ДПМНЕ на прозивката од Филипче дека партијата е под контрола на Груевски

Шестмина повредени во тешка сообраќајка во Стопански двор

Пациент почина, две медицински лица повредени по нагло сопирање на медицинско возило, за да избегне судир во центарот на Скопје