Утрински Весник
Спорт

Сите играчи од Јувентус се негативни за коронавирус

Сите играчи од Јувентус се негативни за коронавирус

Торино, 22 мај 2020 (МИА) – Сите играчи на Јувентус се негативни на КОВИД-19, пренесе „Кориере дело Спорт“

Играчите биле подложени на тестови во средата и резултатите од никој од нив не се загрижувачки. Ова ќе му овозможи на тимот во наредните денови да започне со тренинзи во поголеми групи.

„Бјанконерите“ сè уште тренираат индивидуално, а Блеиз Матуиди и Сами Кедира, кои беа меѓу заразените на почетокот од годинава, учествуваа на вчерашните тренинзи.

Италијанскиот шампионат се очекува да продолжи во втората половина на јуни.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство