Утрински Весник
Македонија

Систематска дератизација на подрачјето на Општина Новаци

Систематска дератизација на подрачјето на Општина Новаци

Новаци, 8 јуни 2020 (МИА)  – Центарот за јавно здравје-Битола со една екипа денеска на подрачјето на Општина Новаци ќе врши вонредна превентивна систематска дератизација.

Отровни мамци за уништување на глодари (глувци) ќе се поставуваат во 90 шахти на подземниот канализациски систем во село Новаци, како и во 25 шахти од прифатниот канализациски систем на инфестирани објекти од посебен јавен интерес, односно градинки, образовни институции, здравствени установи, како и објектите на локалната самоуправа, полиција и пошта.

Со акцијата опфатена е и дератизација на јавната депонија „Мегленци“.мт/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Обврска ни е да инвестираме во Државниот архив

Митева: Владата превенираше дополнителни ценовни шокови

Мигрант од Алжир тешко повреден во Гевгелија: Воз му ја прегазил ногата