Утрински Весник
Магазин

Сисели Тајсон, една од најпочитуваните афроамерикански актерки почина на 96-годишна возраст

Сисели Тајсон, една од најпочитуваните афроамерикански актерки почина на 96-годишна возраст
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Холивудската актерка Сисели Тајсон, која беше позната по портретирањето на силни афро-американски ликови, почина на 96-годишна возраст, изјави нејзиниот менаџер.

Не е наведена причината за смртта. Сисели, поранешен модел, имаше кариера која траеше седум децении.

Таа освои две Еми-награди за нејзината изведба во филмот од 1974 година во ерата на граѓанските права, „Автобиографијата на госпоѓицата Џејн Питман“.

Тајсон исто така стана првата црнкиња што ја презеде главната улога во ТВ-драмата East Side / West Side во 1960-тите.

Доделувајќи ѝ претседателски медал за слобода во 2016 година, тогашниот американски претседател Барак Обама рече дека покрај нејзините достигнувања како актерка, таа го обликувала и текот на историјата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Фондацијата Брижит Бардо ја продолжува мисијата на актерката

Најинтересните часовници за 2025 година: Смелиот дизајн и живописните бои го освојуваат пазарот

Гвинет Палтроу откри зошто одбила 18+ сцена со Итан Хо