Четворица сириски бегалци смрзнале до смрт во планинска област во источен Либан додека се обидувале илегално да ја преминат границата за да се вратат во Сирија, пренесува „Мидл Ист монитор“.
Две жени и две деца починаа, а осум други беа спасени од либански службеници за цивилна одбрана. Гувернерот на Баалбек-Хермел, Башир Хадр, рече дека цивилната одбрана и армијата ја пребарувале областа три дена.
За едно дете се вели дека исчезнало, но истрагата открила дека тоа се вратило кај својот татко во Бејрут. Според либанскиот официјален претставник, луѓето плаќале 1,5 милион либански фунти од лице на шверцер за да ги пренесе од Либан во Сирија.
Либанската активистка за човекови права, Маријам Мајдулин ал-Лахам, изјави дека властите во Бејрут ги спречуваат раселените Сиријци, кои легално го напуштаат Либан, да се вратат во земјата. Ова ги принудува семејствата што треба да заминат во Сирија и да се вратат во Либан да се обидат илегално да ја преминат границата.