Утрински Весник
Свет

Сириски војници се борат со Русите во Украина за да ги прехранат своите семејства

Сириски војници се борат со Русите во Украина за да ги прехранат своите семејства

Сиријците кои се борат на страната на руската армија во Украина се платени по 5.000 фунти месечно, пишува Би-Би-Си.

Еден сириски војник изјави за Би-Би-Си дека верува оти Русија врши масакр во Украина, но дека им помага и на сиромашните Сиријци кои не можат да си дозволат храна.

Тој изјавил дека доброволно е во Украина иако неговото семејство е против, но во случај да биде убиен, ќе им бидат исплатени околу 37.000 фунти.

Тој исто така изјавил дека знаел дека најмалку 200 луѓе исто така доброволно отишле да се борат во Украина.

Украинската влада и водечка сириска невладина организација објавија дека има 14 центри за регрутирање низ Сирија.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking