Утрински Весник
Свет

Синот на Туѓман приклучен на респиратор

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 31 пациент

Пратеникот од ХДЗ и син на првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман, Мирослав Туѓман е заболен од Ковид-19 и во моментов се лекува во хрватската Клиника за инфективни болести д-р Фран Михаљевиќ.

Според „Вечерњи лист“, Туѓман со денови се борел со последиците од инфекцијата со Ковид-19 и поминал низ фази на подобрување и влошување на болеста.Неговата сегашна состојба дополнително се влошила, па според „Вечерњи лист“, тој е поврзан на апарати за дишење од неделата. Од болницата велат дека неговата состојба во моментов е стабилна.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Прогласена вонредна состојба во Чиле

Орбан поканет да учествува во Советот за мир за Појасот Газа

Расмусен: Трамп да се откаже од идејата за преземање на Гренланд