Утрински Весник
Магазин

Синот на Лиам Пејн излажал дека има корона за да не оди на училиште

Синот на Лиам Пејн излажал дека има корона за да не оди на училиште

Британскиот пејач и текстописец Лиам Пејн откри дека неговиот четиригодишен син се преправал дека има коронавирус за да добие слободен ден од училиште.

Говорејќи на Instagram Live QA (сесија прашања и одговори на Инстаграм) со фановите, Лијам рече: „Тој почна да оди на училиште, а пред некој ден не сакаше да оди.  Тој очигледно научил дека ако има Ковид, не мора да оди на училиште, што е прилично подло, но и доста паметено.“

„Беар сфатил дека ако се преправа и каже ‘имам вирус’, тогаш ќе добие слободен ден од училиште.

„Не знаев ни што е вирус кога бев на негова возраст,“ вели таткото.

За жал за Беар, неговата шема била откриена и тој доби укор, но Лијам призна дека му се восхитува на својот син поради неговата „детска подлост“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста