Утрински Весник
Свет

„Синовак“ тврди дека нивната вакцина е безбедна за децата

„Синовак“ тврди дека нивната вакцина е безбедна за децата
Dik 300x250 mk

Кинеската компанија „Синовак“ објави дека прелиминарните податоци покажуваат дека нејзината вакцина против коронавирусот е безбедна за деца на возраст од три до 17 години.

Медицинскиот директор на „Синовак“, Генг Зенг, на прес-конференција рече дека клиничките испитувања во рана и средна фаза, во кои учествувале повеќе од 550 лица, покажале дека вакцината ќе предизвика имунолошки одговор.

Тој додаде дека двајца приматели на вакцината имале висока температура.Како што прецизираше, станува збор за едно дете од три години и едно од шест години. Другите испитаници имале лесни симптоми.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Саркози ќе почне да ја отслужува затворската казна

Санае Такаичи стана првата жена премиер во Јапонија

Сијарто остро кон ЕУ: После ова, никој нека не нè поучува за солидарноста на Европската унија