Утрински Весник
Магазин

Синди Крафорд едноставно прекрасна зад сцена на фотосесија

Синди Крафорд едноставно прекрасна зад сцена на фотосесија

Синди Крафорд го разголи деколтето во бањарка во видео клип објавен на нејзината Инстаграм-страница во петокот.

55-годишната Синди, којa се прослави како еден од најголемите супермодели од 90-тите, сподели поглед зад сцена на новата фотосесија за линијата за нега на кожа Meaningful Beauty што ја започна во 2005 година со францускиот пластичен хирург Жан Луј Себаг.

Синди е во брак со вториот сопруг Ренди Гербер од 1998 година. Нејзин прв сопруг беше Ричард Гир. Ренди и Синди имаат две заеднички деца, Присли (21) и Каја (19), и двете се занимаваат со манекенство.

Синди всушност го создаде терминот супермодел и постави нови стандарди во модната идустрија. Од самиот почеток кога првпат се појави на насловнатa на „Вог“, таа стана синоним за идеална женска убавина.

Синди, заедно со Наоми Кемпбел, Клаудија Шифер, Хелен Кристенсен, Кристи Тарлингтон и Линда Евангелиста самоуверено владееја со светските модни писти во 90-тите години на минатиот век. Тие се заслужни за создавање на статусот супермодел.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста