Утрински Весник
Македонија

Синдикати: Успехот е заеднички, Владата ја смени Уредбата за субвенционирање на плати

Синдикати: Успехот е заеднички, Владата ја смени Уредбата за субвенционирање на плати

Скопје, 2 мај 2020 (МИА) – Здружени синдикални организации и здруженија на граѓани за заштита на работничките права ја поздравија одлуката на Владата за измена на Уредбата за финансиска поддршка за исплата на плати.

– Изминативе денови објавивме јавно барање до Владата да ја смени одредбата со која се овозможуваше отпуштање работници во фирмите кои користат државна поддршка за надминување на економската криза предизвикана од пандемијата. По брзата и солидарна мобилизација на повеќе организации и синдикати, Владата ја смени штетната одредба. Ја поздравуваме одлуката на Владата и се надеваме дека, во интерес на довербата, нема да ретерира од неа, под притисок на бизнис заедницата која егзистира од работниците, соопштија денеска здружените синдикати и здруженија на граѓани.

Оттаму посочуваат дека успехот е заеднички и оти нема да дозволат товарот од кризата да го понесат работниците. Како што велат остануваат на нивните барања кои претходно ги доставиле до Владата и до барањата од првомајскиот проглас.

– Инсистираме да бидеме партнери при носењето на сите економско-социјални одлуки, истакнуваат од синдикалните организации. бт/бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор