Утрински Весник
Свет

Сингапур суспендираше две вакцини против грип

Сингапур суспендираше две вакцини против грип
Dik 300x250 mk

Сингапур ја прекина употребата на две од четирите вакцини против грип, откако починаа неколку лица кои ја примија во Јужна Кореја.

Со тоа Сингапур стана првата земја во светот што јавно објави прекинување на вакцината, пренесува „Ројтерс“.

Наведено е дека 48 лица починале во Јужна Кореја откако примиле вакцина против сезонски грип, но тие исто така најавија дека ќе продолжат со програмата за вакцинација бидејќи не е воспоставена директна врска помеѓу тие смртни случаи и вакцинацијата.

Никој не починал во Сингапур откако примил вакцина против грип, но суспензијата на вакцините од страна на SKYCellflu Quadrivalent и VaxigripTetra е воведена како претпазливост, соопшти сингапурското Министерство за здравство.

Првата вакцина се произведува во Јужна Кореја, втората е произведена од „Санофи Авентис“.

Другите две употребени вакцини сè уште можат да се користат за вакцинација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пет германски планинари го загубија животот во лавина во Јужен Тирол

Масовниот напад со нож во воз во Велика Британија е изолиран инцидент, тврди британскиот министер за одбрана Хили

Трамп ѝ се закани на Нигерија со воена акција ако убиствата на христијаните не престанат