Утрински Весник
Македонија

Силјаноска Давкова: Ќе обезбедиме над 10 милиони евра за стипендии студентите и услови за вработување на 50.000 млади луѓе

Силјаноска Давкова: Ќе обезбедиме над 10 милиони евра за стипендии студентите и услови за вработување на 50.000 млади луѓе

Професорката Гордана Силјаноска Давкова носител во Изборната единица 1 од ВМРО-ДПМНЕ вчера во центарот на Скопје се сретна со млади и студенти при што истакна дека одличните студенти ќе бидат ослободени од плаќање за магистерски студии, додека пак тие кои имаат просек 8 ќе бидат ослободени од докторски студии.

„ Во пониските степени од 2001 година не сме ги менувале курикулумите. Сега до тоа ќе дојде ми се допаѓа дека ќе се вратат стручните училишта, математичките гиимназии, професионалната ориентација. Ако има исклучително талентирани ученици ќе се пренасочуваат во посебни паралелки, а нема да се упросеќуваат и секој во една област да најде своја перспектива, а не каде до сега како енциклопедии се да учат“, изјави Силјаноска Давкова.

Силјаноска Давкова потенцираше дека владата која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбедува работа за најдобрите 500 студенти од државните универзитети, како и ќе издвои 40 милиони евра за подобрување на студентските домови и животот на студентите во нив. Таа посочи дека студентите мора да се чувствуваат како вистински академски граѓаните и затоа со над 10 милиони евра ќе бидат издвоени за стипендирање на студентите.

Таа нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ исто така се обврзува и на обезбедување на услови за вработување на повеќе од 50.000 млади за време на целиот мандат, но и ослободување од данок на личен доход за млади до 29 години кои остваруваат годишни приходи до 6.000 евра како и месечна финансиска поддршка за компаниите кои ќе вработат млади до 29 години.

Текстот Силјаноска Давкова: Ќе обезбедиме над 10 милиони евра за стипендии студентите и услови за вработување на 50.000 млади луѓе е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Лефков: ЈО да не молчи, да не чека и да реагира експедитивно за Дрин Ахмети, кој заработувал милиони без да плати соодветен надоместок за концесијата

СДСМ: Скандал, фирма на Божиновска должела речиси 1 милион евра на МЕПСО

Мицкоски со поголема плата од премиерите на Србија, Црна Гора, БИХ и Косово