Утрински Весник
Македонија

Силјановска-Давкова: 40 отсто од министерските места ќе им припаднат на жени

ВМРО-ДПМНЕ: Не сакаме Саше Политико да биде сликата за новинар, итно да се извини за навредите кон Силјановска
Dik 300x250 mk

Носителката во првата изборна единица на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“, Гордана Силјановска- Давкова од пред музејот на Македонската борба истакна дека во програмата „Обнова“ се втемелени принципите на обнова на почитта, рамноправноста, знаењето и креацијата.

„Обнова на почита, родовата рамноправност, обнова на респектот на енергијата, знаењето и креацијата на жените во Македонија бидејќи бројот на министерки во оваа влада беше три, па стана четири со госпоѓицата Нина Ангеловска, ама во однос на 26 е мачоизам политички од невидени размери“, кажа Силјановска- Давкова.

Дополнително таа потенцираше дека во програмата „Обнова“ има огромен број на проекти кои се наменети за целосно и рамноправно вклучување на жените во општествениот и политичкиот живот.

Текстот Силјановска-Давкова: 40 отсто од министерките ќе бидат жени е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман