Утрински Весник
Македонија

Силјановска-Давкова: Се обврзуваме на поддршка на македонските лингвисти и зачувување на македонскиот јазик

Силјановска: Мора да почнеме од право и правда, а тоа од нас го бара и ЕУ

Носителот на изборната единица 1 на ВМРО -ДПМНЕ и Коалицијата „За Обнова на Македонија“, Гордана Силјановска Давкова, денес присуствуваше на промоција на книга „Македонскиот јазик – континуитет во простор и време“, пред платото на МАНУ.

На промоцијата, Силјановска- Давкова даде поддршка на македонските лингвисти кои се обединуваат за да дадат вистински аргументирани и научни одговори за континуитетот и еволуцијата на македонскиот јазик, а и за неговото место во меѓународната славистика и лингвистика.

„Денес присуствував на промоција на четири капитални изданија за македонскиот јазик на платото пред МАНУ. Делата деновиве излегоа од печат на иницијатива на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и со целосна поддршка и вклученост на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Советот за македонски јазик. Треба да ги подржиме македонските лингвисти кои се обединуваат за да дадат вистински аргументирани и научни одговори за континуитетот и еволуцијата на македонскиот јазик, а и за неговото место во меѓународната славистика и лингвистика. Конески не учеше дека јазикот е нашата татковина. Тоа е целиот идентитет во еден крик, во една мелодија. Со Обнова за Македонија ќе го зачуваме“, истакна Силјановска.

Силјановска на промоцијата додаде дека таа и ВМРО-ДПМНЕ се обврзуваат на зачувување и развој на културата, македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Истотака истакна де се обврзуваат на поддршка на македонските лингвисти и зачувување на македонскиот јазик.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Видео) Подкаст Зрак со д-р Марина оваа недела посветен на борбата со ракот на дојка

СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз