Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Изборна единица 1 Гордана Силјановска Давкова денеска оствари средба со жителите на општина Центар.
На средбата, како што објави на својот фејсбук профил Силјановска Давковска, поразговарале за најтемните три години во нашата историја, за украдената волја на народот, срамната промена на името, правото на самоопределување, но и за уништената и деградирана дипломатија – онаа која треба да биде лицето на една држава.
Силјановска-Давкова, порача дека, единствен народ кој се идентификувал со името Македонија сме ние.
– Во Грција се до 1988 година ништо не се викаше Македонија, како забрана да имаа за тој збор. Тие може да си имаат регионален идентитет, но немаат национален идентитет. Ако толку им значела Македонија уште во 1830 ќе го зеле или ќе ставеле придавка во името, ама не го направиле тоа. Единствен народ што го ставил во името, се идентификувал, сме ние, вели Силјановска Давкова при денешната средба со жителите на општина Центар.
Крајно време е, порача таа, вистинските луѓе да бидат на вистинското место, доста беше непотизам и просечност. Обновата е и визија. аа/бк/