Утрински Весник
Македонија

Силјановска: Ако Џафери е предлог, седницата треба да ја води некој од замениците

Силјановска: Ако Џафери е предлог, седницата треба да ја води некој од замениците

Пратеничката Гордана Силјановска – Давкова на почеткот на конститутивната седница во Собранието побара доколку Талат Џафери е предлог за претседател на Собранието, седницата да ја води некој од замениците.

Таа во нејзиното излагање му рече на Џафери и дека раѓањето на внукот не било причина да се одложи на седницата.

Претседавачот треба да води сметка за Деловникот, вели Силјановска и додава дека тој не е ексклузивен во диктирање на условите.

„Не може претседателот седниците да ги откажува и закажува кога сака. Честитки за внукот, но тоа не е причина за одложување на Собрание“, му рече Силјановска-Давкова на Џафери.

Џафери пак одговори дека официјално седница не била закажана.

Собранието денеска ја продолжи конститутивната седница на која треба да биде избран претседател на законодавниот дом, кој се избира со 61 глас

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Фото) Тешка сообраќајна несреќа утрово во Ново Лисиче

Николоски: Стратешкото партнерство со САД ја гарантираат стабилноста и економскиот просперитет на Македoнија  

За пет часа 37 санкции во акциска контрола на Мобилната единица