Утрински Весник
Свет

Силно невреме во Турција, повредени 16 луѓе

Силно невреме во Турција, повредени 16 луѓе

Најмалку 16 лица се повредени во невреме кое го погоди градот Чешме на егејскиот брег на Турција, соопштија локалните власти.

Силен ветер синоќа погоди летувалиште околу 90 километри западно од градот Измир.

Сите повредени се работници кои биле во монтажен објект на градилиштѕе на кое се урнал кран.

Ветрот откорнал дрвја, носел црепови и оштетил автомобили. Превртени се и најмалку четири чамци.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп вели дека не е подготвен за договор со Иран

Доларот зајакнува втора недела по ред

Иранската гарда се закани дека ќе го пронајде и елиминира Нетанјаху