Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Силно невреме во Канада остави над 200.000 луѓе без струја

Силно невреме во Канада остави над 200.000 луѓе без струја
300x250 opst2

Канадската компанија „Хидро еден“ објави дека повеќе од 450.000 нејзини потрошувачи се соочиле со прекин на струја поради невремето.

Околу 115.000 луѓе се уште се без струја. Тоа се повеќе од 280.000 луѓе, кои беа погодени од недостигот на струја во саботата, пренесува „Ројтерс“.

Компанијата со седиште во Торонто, која снабдува околу 1,4 милиони потрошувачи, соопшти дека нејзините тимови го обновиле снабдувањето со електрична енергија на повеќе од 335.000 корисници и се обидуваат да ја вратат струјата и кај другите што е можно поскоро.

Претходно, канадската агенција за животна средина и климатски промени издаде предупредување за силни ветрови во јужните региони на Онтарио, предупредувајќи за очекуваните удари на ветер до 120 km/h.

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари