Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Силна експлозија во Словениjа, загинале татко, син и нивниот сосед

Силна експлозија во Словениjа, загинале татко, син и нивниот сосед
Img 7972

Три лица загинале во експлозија што се случила денеска околу 15:30 часот во Ланчово во општина Радовљица, во северозападна Словенија, за која причини сè уште се испитуваат, пренесува хрватски „Индекс“.

Експлозијата се случила во објект во близина на локална продавница, кој била изнајмен, а некогаш служел како работилница за столарија.

Пожарникарите кои пристигнале на местото на настанот веднаш го обезбедиле објектот и ги исклучиле водата и струјата, но експлозијата која била многу силна не предизвикала пожар.

Полицијата по првите истраги соопшти дека експлозијата најверојатно се случила во близина на печка на цврсто гориво, но нејзината точна причина сè уште не е позната.

Истрагата ќе продолжи во текот на утрешниот ден.

Според првичните информации најверојатно загинале луѓето кои го изнајмиле објектот.

Локалните медиуми објавиле дека загинеле 40-годишен маж и неговиот 20-годишен син, како и нивниот сосед, исто така 40-годишник.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија