Утрински Весник
Македонија

Силен земјотрес во Грција почувствуван и во Македонија

Силен земјотрес во Грција почувствуван и во Македонија

Силен земјотрес со магнитуда од 5,2 степени според Рихтер вчера околу 23 часот и 31 минута ја стресе Грција.

Земјотресот според сервисот ЕМСЦ, бил на 14 километри југозападно од Костур, Грција.

Според досегашните податоци на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, потресот бил почуствуван и во Битола, Ресен, Охрид, Струга со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, а во останатите делови на територијата на Македонија со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Од опсерваторијата додаваат и дека епицентарот на земјотресот бил на 170 километри јужно од Скопје.

Можете да прочитате

Стопанската комора алармира дека блокадите на границите ќе ја урнат економијата

Денеска продолжува судењето за трагедијата во клубот „Пулс“

Пијана со 2,61 промили го прободела сопругот со нож – ОЈО Кавадарци бара притвор