Утрински Весник
Македонија

Силен земјотрес во БиХ почувствуван и во Македонија

Силен земјотрес во БиХ почувствуван и во Македонија

Земјотрес со магнитуда од 6 степени според Рихтер вечерва во 23 часот и 7 минути е регистриран во Босна и Херцеговина.

Потресот се почувстувал и во другите делови на Босна, Хрватска, Црна Гора и Србија, но и во Македонија и Албанија.

Според првичните информации епицентарот на земјотресот бил 44 километри од Мостар во Босна и Херцеговина, на длабочина од 5 километри.

Можете да прочитате

Дали претседателот Трамп „претера“  со геополитика

Пожар на хала во Кавадарци, пожарникарите на терен

СДСМ: Мицкоски во Давос- дипломатска изолација и медиумски мрак за Македонија