Утрински Весник
Магазин

Силвестер Сталоне купи атрактивен имот во Палм Бич за 35 милиони долари

Силвестер Сталоне купи атрактивен имот во Палм Бич за 35 милиони долари

Холивудскиот актер Силвестер Сталоне, наводно, купил имот во стилот на Бермуди во северниот дел на Палм Бич, Флорида, за 35,375 милиони долари.

Според локалниот весник „Палм бич дејли њуз“, имотот што го купил 74-годишниот Сталоне, познат по прекарот “Италијански пастув“, се протега на површина од 13.241 квадратни метри.

Имотот од еден и пол хектар, изграден во 2014 година, располага со седум спални соби со вкупно 10 целосни и две полу бањи во двокатната главна резиденција, и две куќи за гости.

 

Прекрасната кабана во задниот двор се отвора кон базен во форма на клучалка, кон песочна плажа и док од 253 метри долж езерото Ворт.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Совети и трикови како да си го олесните првиот триместар од бременоста

Две навики кои може да го спасат вашиот брак по 40-тите години

Лижавче што пушта музика додека се лиже предизвика огромен интерес: над еден милион луѓе на листа на чекање