Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

СЗО: Четврта недела по ред расте бројот на заразни со Ковид во светот

СЗО: Четврта недела по ред расте бројот на заразни со Ковид во светот
Img 7972

Загрижувачки е тоа што бројот на заразени со Ковид-19 во светот се зголемува четврта недела по ред, откако се намали шест недели во јануари и февруари, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој рече дека во моментот, бројот на смртни случаи продолжува да опаѓа, но со побавно темпо. Првиот човек на СЗО нагласи дека станува збор за загрижувачки трендови што го покажуваат влијанието на мутациите на вирусот, отворањето на општествата и нерамномерното вакцинирање на популацијата.

Во последните 24 часа, повеќе од 535.000 нови случаи на заразени со ковид-19 се пријавени ширум светот, а речиси 10.000 луѓе починаа. Најмногу нови случаи се регистрирани во Европа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас