Утрински Весник
Свет

СЗО со предупредување: Регистрирани се повеќе од 18.000 случаи на мајмунски сипаници во 78 земји

Во светот се пријавени повеќе од 18.000 случаи на мајмунски сипаници во 78 земји, од кои повеќето се во Европа, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО) откако минатата сабота прогласи глобална здравствена вонредна состојба поради епидемијата на оваа болест.

dobivaj vesti na viber

Досега, 98 отсто од случаите на инфекција се потврдени кај мажи кои имале сексуални односи со други мажи и надвор од африканските земји каде што вирусот е ендемичен, соопшти СЗО.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, апелираше до членовите на ризичната група да го намалат бројот на сексуални партнери и да споделат информации за претходните контакти со сите нови партнери.

„ Ова е епидемија што може да се запре. Најдобар начин да го направите ова е да го намалите ризикот од изложеност, а тоа значи да направите безбеден избор за себе и за другите“ рече Тедрос на прес-конференција во Женева.

Името на мајмунските сипаници е во процес на преименување, за да се избегне злоупотреба или употреба на името на расистички начин, изјави директорот за итни случаи на СЗО, Мајкл Рајан.

СЗО препорачува вакцинација за членовите на високоризичната група, вклучително и мажите кои имаат секс со мажи, со повеќе сексуални партнери или со здравствени работници.

Експертите на СЗО предупредија дека се потребни неколку недели по примањето на втората доза од вакцината за да се добие целосна заштита, така што вакцинираните треба да преземат други мерки на претпазливост додека не се добие целосна заштита.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени