Утрински Весник
Свет

СЗО: Со затворање на границите може да купиме време за справување со омикрон

СЗО: Со затворање на границите може да  купиме време за справување со омикрон
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претставниците на Светската здравствена организација во Западен Пацифик, тврдат дека затворањето на границите, како мерка усвоена од некои земји, може да купи време за справување со новиот сој на коронавирусот омикрон, но дека применетите мерки и искуството стекнато во работата со претходните соеви треба да останат основа за борба против пандемија.

„Додека неколку земји во регионот се соочуваат со зголемување на заразата, случаите на Ковид-19 и смртните случаи во многу други земји се намалени“, рече регионалниот директор на СЗО за Западен Пацифик, д-р Такеши Касаи за новинарите на виртуелна конференција емитувана во Манила, пренесува агенцијатата АП.

Според него, граничната контрола може да го одложи влегувањето на вирусот и да купи време, но секоја земја и секоја заедница мора да се подготви за ново зголемување на случаите.

Омикрон, додава тој, е сој што предизвикува загриженост поради големиот број мутации, како и можноста за поголема преносливост од другите соеви на вирусот.

„Потребно е повеќе тестирање и набљудување“, заклучи тој.

Можете да прочитате

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Во Москва убиен руски генерал

Украински напад со дронови врз Краснодар – оштетени два руски брода